Да живееш во 21 век во сопствена куќа со сопруга бремена во 8-от месец, син од 4 години и болна и неподвижна баба со 76 години, а да немаш електрична енергија тоа луѓе е навистина жалосно, оваа наша држава да не ти овозможи нормални услови за живот, т.е. да ти ги одземе………..на цела немаштија да треба да се селиш и да плаќаш кирија ова навистина не е живот ова е КАЗНА………
Вака ја започнува својата приказна читателот кои очаен ни испрати писмо со молба да го објавиме бидејќи веќе не знае на која врата да тропне – а семејството му трпи. Ви го пренесуваме писмото во целост.
Во 1981 год. мојот дедо г-динот Грчески Владо како повратник од Франција изградил куќа во с. Радожда, населба камп Ливадиште. Самојстојно инвестирал во сопствена трафостаница, бидејќи во тој период не постоела друга можност за снабдување со електрична енергија. Трафостаницата (10 волтен електричен објект) ја изработило и монтирало Електро-Македонија, ООЗТ Електро Струга-Струга во дворот на нашата куќа, а мојот дедо за таа услуга платил 120.000,00 динари.
Од година во година овој реон (с. Радожда, населба камп Ливадиште) станува се понаселен, па доста приватни сопственици си изградија куќи и викендици. Електростопанството до ден денешен не вложи во изградба на нова трафостаница туку им дозволуваше да се приклучат на нашата приватната трафостаница, а одредени приватни сопственици на куќи и викендици приклучени се дури и без наша согласност. На овој начин трафостаницата се преоптоваруваше и истата почна да се оштеува. Често пати истата се палеше од преоптовареност и дотрајаност, а и настануваше спој од животни кои застануваат и претрчуваат на жиците. Кога ќе дојдеше до спој или палење стујата ја ислкучуваа од ЕВН и по проверка повторно ја вклучуваа.
Речиси секој спој или палење на трафостаницата беше проследен со палење на околната трева и дрва, кој пожар самите ние сме го гаселе, заштитувајќи се прво самите себе си, а потоа и целиот тој реон. Трафостаницата со години е одржувана од страна на мојот сега покоен дедо – сопственикот се до неговата смрт во 2007 година, а од тогаш до ден денес истото го прави неговата сопруга Јелeна Грчева. Сакам да напоменам дека има уште 7 приватни сопственици кои бараат вклучување на електрична енергија во овој реон, што значи дека има потреба од изградба на нова трафостаница на која ќе бидеме приклучени не само старите туку и новите идни корисници на електрична енергија.
Поради лошата состојба на трафостаницата, пробиени високонапонски изолатори, изгниени бандери на кои се наоѓа истата, поднесени се неколку Барања за прием во владение и користење на електричната трафостаница од страна на мојот дедо Грчески Владо до Електостопанство на Македонија, Електродистрибуција Струга. На ниту едно од овие барања, а исто така и на нашите тропања од врата до врата во ЕВН, надлежните не одговорија ниту имаа слух да го решат овој проблем.
Оваа година во август на неколку пати се запали трафостаницата, направи и пожар кој истиот самите ние го изгаснавме, а екипата на ЕВН неколку пати доаѓаше и само забележи дека не може да се интервенира поради опасност по живот на нивните вработени. Имено станува збор за целосно иструлена бандера, полна со легла од стршлени на која се наоѓа трафостаницата која треба да се поправи. По сето ова ЕВН целосно ја исклучи трафостаницата од напојување, а со самото тоа и нас не остави без електрична енергија иако сите сметки редовно сме си ги подмирувале. Повторно одевме и одевме во ЕВН, но тие ни велет за две недели ќе се реши, па повторно за две недели и така натаму, а ние еве веќе 3 месеци преживуваме како во камено доба без електрична енергија.
Замислете баба која едвај се движи, бремена жена и мало дете во вакви услови…………………………………….
НЕМАМ ЗБОРОВИ едноставно веќе се разболев од нервози, легнувам и станувам со мисла што да правам, како на моето семејство да му обезбедам нормални услови за живот, при сопствена куќа да одиме под кирија, а само јас работам и имам мали примања (примен сум од јули оваа година на работа како физички работник се додека се реновира хотелот Изгрев, а за потоа не се знае може и на улица да останам).Ако одам под кирија, со што ќе ја плаќам киријата, како ќе ги одгледам моите деца, семејството……………
Па добро каква е оваа држава………….Ова е држава која не му овозможува на секој граѓанин да си ги оствари своите граѓански права за нормални услови на живот, додека едни имаат електрична енергија иако ја крадат или не плаќаат, други немаат или им ја ислкучуваат иако не крадат и редовно ја плаќаат
Станиша Грчев