Дариус Вализаде на својот блог пишува детали од неговите сексуални авантури низ целиот свет. Според неговите искуства, изработена е и „мапа“, на која е прикажано по реони каде жените се „најлесни“. Контроверзниот и самоуверен „светски заводник“, попопуларно наречен „секс турист“, патува низ светот за да открие каде жените се „најлесни“.
Иран, Ирак, Саудиска Арабија и Јемен се опишани како најтешки земји за вакви сексуални авантури.
Шпанија, Италија, Алжир и Либија се малку поотворени, а Франција, Германија, Велика Британија, Австрија и Шведска се во „нормална“ категорија, во која спаѓа и Македонија.
Во категоријата „лесни“ се наоѓаат земјите од Балканот како Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија, а жените според мапата „најлесни“ се во Перу, Боливија, Куба и Тајланд.