Композиторот Александар Милиќ – Мили е уапсен денеска кога со својот автомобил се обидел да влезе во хрватска, пишува српски Курир.
Имено, по прегледот на возилото со кое Мили се обидел да ја ремине границата, наводно е установено дека автомобилот се наоѓа на потерница на Интерпол.
Според зборовите на изворот, музичарот е приведен во полициска станица.
За оние кои не знаат, Александар Милиќ Мили е познат српски композитор, музички продуцент, аранжер и сопственик на дискографската куќа Миликрам Мјузик.
Основач е на бендот Милиграм, а најуспешната музичка соработка ја остварил со Цеца.