Од измет на кокошки ќе се добива струја во Требош


Отпадоци останати по направената зимница почнале да носат и жителите од село Требош. Таму, во кругот на живинарската фарма „Везе Шари“, интензивно се работи на изградба на биогасна централа со која компанијата планира да го заокружи производствениот процес, од еднодневни пилиња, сопствена мелница за храна, преку производство на јајца и преработка на живинско месо во сувомесни производи, да се дојде до производство на струја и добивање висококвалитено биоѓубриво. Се работи интензивно и се брза, како што е зацртано од германскиот партнер во фармата, до крајот на годината да се изгради халата за да може во зимските месеци да се монтира опремата и веќе идното лето да се произведува струја.

kokoska– Мојот партнер бара што побрзо да почнеме со преработка на отпадоците, не толку заради самото производство на струја, туку многу повеќе за добивање на биоѓубривото, кое ќе биде седумпати компресирано и ќе се извезува во Германија. Ваквото ѓубриво е висококвалитетно за одгледување цвеќиња и воопшто во градинарството – вели Арбен Абдурахмани, сопственик на живинарската фарма „Везе Шари“.

Абдурахмани на 16 години заминал за Германија, каде што во последните седум години од престојот работел во живинарската фарма на неговиот сегашен партнер, кој сега е сопственик на 51 отсто од фармата, фабриката за сувомесни производи „Лекер“ и на биогасната централа „Енерго Шари“. Тој објаснува дека идејата за изградба на ваква централа дошла токму од неговиот партнер уште во 2006 година. Во Германија, а и во речиси цела Европа долго беше правило покрај секоја фарма за каков било добиток да се изградат вакви централи, кои, од една страна, го решаваат прашањето на отпадот и имаат еколошко значење, а, од друга, произведуваат чиста зелена струја. Меѓутоа, во Македонија ова не беше законски регулирано, а со измените на Законот за енергетика и утврдените квоти за повластени производители на струја од обновливи извори, тие уште лани есента ги почнале сите подготовки.

Биогасната централа, која ќе биде со инсталиран капацитет од 999 киловати и годишно ќе произведува 7,95 милиони киловат-часови, ќе троши 50 тони ѓубре дневно. Можат да се обезбедат 25 отсто од потребните количини од сопствени потреби. Во „Везе Шари“ планираат сегашниот капацитет од 120.000 кокошки и 60.000 пилиња да го зголемат на 240.000 кокошки и очекуваат од сопствени потреби да обезбедуваат 50 отсто од потребното ѓубре, во кое ќе бидат вклучени и отпадоците што остануваат по колење на кокошките.

– Од една фабрика за преработка на млеко и за производство на млечни производи едвај чекаат да почнеме да работиме за да ги спасиме од сурутката, која се јавува како нуспроизвод и со која не знаат што да прават. Ја испуштаат во река или по полиња и целата околина смрди, па жителите реагираат – вели Абдурахмани.

Во централата ќе се собира и отпадот од краварските фарми, кој, според познавачите, е особен проблем во полошкиот регион и интензивно ја загадува почвата. Kако суровина се планира понатаму да се користи и отпадот од рестораните, за што ќе се доставуваат посебни контејнери, а ќе ги собираат со посебни возила.

Dnevnik 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1