Британскиот хирург Дејвид Нот, кој служи во граѓанската војна во Сирија, открил ужасна информација – додека работел во болницата во Сирија видел грозоморни повреди за кои тврди дека се игра помеѓу војниците. Односно дека снајперистите се натпреварувале и убивале трудни жени на улиците, кој ќе успее да го убие бебето во стомакот добивал награда – кутија цигари.
Британскиот хирург бил шокиран од тоа што го видел. Се случувало во еден ден да дојдат пациенти починати од речиси исти рани. Еден ден сите имале прострелни рани во вратот, друг ден во срцето, трет ден во препоните – и се укажува дека снајперистите изгледа се натреваруваат меѓу себе.
“Какви повреди имаа пациентите кои биле доведени наутро, исти такви имаа и пациентите во текот на денот. Тоа беше некаков вид на игра, открил докторот и додал дека следната рана била најлоша која ја видел во својата кариера.
“Дваесет години лечам луѓе во воени зони, но никогаш порано не сум бидел некој да убие трудница со цел. Пациентките беа носени со прострелни рани во стомакот, а не можам да ви опишам колку е тоа ужасно”, открива хирургот.