Груевски порача луѓето и фирмите да не се делат по ниту една основа и да не подлегнат на притисоци


Бидете неселективни, не делете ги лицата и фирмите кои бараат услуга ниту по етничка или политичка припадност, ниту по образовна структура, социјален статус и работете по закон. Бидете сервилни кон сите и дајте им услуга најбрзо можно и со најголем квалитет, порача премиерот Никола Груевски на промоцијата на концептот Менаџмент етика, на кој присуствуваа раководните лица од сферата на државната и јавна администрација.

nikola-gruevski-fotoОд администрацијата побара посветеност и поддеднаква грижа за сите граѓани и компании кои бараат услуга. Бидете неселективни, рече, и не ги делите луѓето  и фирмите по ништо, и бидете подеднакво сервилни кон сите. Не ги делите по етничка припадност, помагајте и услужете ги сите со најголема можна брзина и квалитет.

– Не ги делите по политичка определба, не ги делите на наши и ваши или нивни. Сите се наши. Политичката определба ќе си ја каже секој на избори, помеѓу избори секој треба професионално, коректно и непристрасно да си ја врши својата работа, без дискриминации и поделби. Нема да и помогнете на вашата партија ако кон  некој кој сметате дека не е нејзин подржувач или е подржувач на спротивниот табор, не му дадете најдобра услуга и помош. Напротив и одмагате на партијата. Ниту пак ќе и помогнете на партијата во која вие верувате и гласате, ако на нејзин припадник му дадете некоја привилегија која е дел од вашата работа. Тоа ќе се забележи, и ќе ви нанесе штета и вам, и на партијата која ја подржувате, истакна Груевски.

Обраќајќи им се  оние, како што рече, кои се гласачи, членови или подржувачи на партијата која тој ја води им порача дека најмногу ќе и помогнат на партијата ако доследно и без исклучок ги спроведуваат овие препораки и совети.

– Не ги делите по верска основа, секој има право да верува во онаа религија во која сака да верува. Помагајте им на луѓето од сите вери, без колебање. Не ги делите по социјален статус. Бидете подеднакво посветени и кога треба да му услужите на некој богат, и кога треба да му услужите на некој кој ќе ви се виде сиромашен. Не ги делите по образовна структура, и поучените и помалку учените имаат исто право на Ваш коректен професионален и чесен однос. Дури кон помалкуобразованите ќе Ви треба поголеми напори за да ве разбере, за да го поучите, за му помогнете, рече Груевски.

Побара вработените во јавната администрација во својата работа да се водат од законите. Не помислувајте, потенцира Груевски, да направите нешто вон закон, верувајќи дека некој ќе ве заштити од било која причина, или дека никој нема да ве фати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1