Министерот Бејта незаконски му дал на Чаир 1,5 милиони евра


Поранешниот министер за локална самоуправа Невазд Бејта, иако согласно законите немал право, сепак на општина Чаир и префрли 1,5 милион евра, се открива во ревизорскиот извештај направен за работата на министерството за локална самоуправа. Освен ова, ревизорите констатирале и вработувања со авторски договори спротивно на важечките правила и закони-информира Фактор.

bejta cairВо министерството за локална самоуправа биле планирани средства наменети за капитални дотации за општините во вкупна вредност од 1,5 милион евра, но без да се конкретизира кои општини и кои проекти ќе се поддржат. Речиси целата планирана сума за оваа намена, министерството ја префрлило на сметката на општина Чаир. Ова според Државниот завод за ревизија е спротивно на член 25 од Законот за организација и работа на органите на државната управа.

„Министерството за локална самоуправа нема надлежност во делот на трансферирање на Капитални дотации до единиците на локалната самоуправа односно да финансира изградба на капитални објекти кај едниниците на локалната самоуправа освен за оствраување на и користење на средства за наменетеи за стопански недоволчно развиении подрачја. Ефект од оваа состоба е нетранспрантност при буџетирањето и ризик од ензаконско финансирање на капитални проекти во општините,стои во извештајот на ревизорите.

Се вработувало и без оглас

Ревизорите констатирале и други прекршувања. Имено, министерството за локална самоупрва во 2011 и 2012 година склучило авторски договори со шест лица и тоа шеф на кабинет, шофер за потребите на министерството, одговорен за односи со медиумите, стручна и административна поддршка на министерот и советник во кабинетот на министерот. Но, ревизијата констатирала дека тие лица извршуваат задачи што не може да се опфатат со авторски договори.

Повеќе Фактор.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1