8 члено семејство од Тетово меѓу кои и 5 месечно бебе, отруени од печурки


Осумчлено семејство од Тетово се бори за живот на Токсикологија. Изеле отровни печурки. Вчера попладне со возила на Итната помош во влошена здравствена состојба биле донесени на клиниката.

pecurkaСпоред информации од повеќето медиуми, сите затруени се на одделот за Интензивна нега. Јаделе печурки од видот „аманита вироса“ кои се едни од најотровните, а се слични на шампињоните  Им ги донел роднина. Ги собирал на Шар Планина.Меѓу затруените има и петмесечно бебе. Го затрула мајката преку мајчиното млеко. Моментално бебето е на клиниката за детски болести, но е под надзор на токсиколози.

Останатите затруени од поширокото тетовско семејство се од 23 до 75 години. 5-мина се во потешка состојба. Лекарите прават се за да ги спасат.
Вакво масовно труење на цело семејство на Токсикологија немало повеќе од 7 години. Токсиколозите апелираат сите кои собираат, а добро не ги познаваат печурките  да не ги јадат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1