Рокот за отказ наместо 3 месеци продолжен на 18 месеци


otkaz_1369845149_670x0

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска ги разгледа и даде на натамошно читање измените на Законот за работни односи. Со нив се продолжува рокот од три на 18 месеци во кој работодавачот ќе може да му даде отказ на работникот доколку тој направил некаков прекршок на работното место, пренесува Економски.мк.

– Причината за менување на оваа одредба е тоа што праксата покажа дека наведените рокови за застареност се кратки и се наметна потребата од зголемување на роковите, појасни Мирјана Алексовска од Министерството за труд и социјална политика.

Цветанка Иванова од СДСМ забележа дека не може да се прават измени на основиот закон за работничките права без мислење од Економско-социјалниот дијалог.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1