На Гувернерот му се многу банки во Македонија – доста се само 7-10 вели


Во интервју за Американ Тајмс, гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, вели дека на македонскиот пазар има премногу банки, како и дека е можен влез на силни меѓународни банкарски брендови заради можна продажба на македонски банкарски подружници.

banka

– Во моментов со шеснаесет банки, имаме премногу, вели Богов.

Тој одговара потврдно на прашањето дали се очекуваат повеќе спојувања и преземања на банки.

– Да, апсолутно, всушност тоа е процес што го поттикнувам во последните две години, испраќајќи сигнали и насочувајќи ги банките кон ова. Би било идеално да има седум до десет банки. Постои уште една голема можност дека матичните банки би можеле да одлучат да ги продадат своите македонски подружници, коишто се многу солидни банки, што можеби ќе доведе до влез на некои силни меѓународни имиња на пазарот.

Гувернерот најверојатно алудира на можноста на повлекување на Националната банка на Грција од Стопанска банка со што најголемата банка во Македонија би добила нов сопственик.

Зборувајќи за влијанието на кризата гувернерот вели дека македонскиот банкарски сектор се покажал како мошне отпорен.

– Банкарскиот систем ја задржа својата стабилност и сите банки беа добро капитализирани. Нашата претпазлива регулатива не им дозволува на банките да влегуваат во ризични инвестиции, бидејќи имаме конзервативен банкарски систем. Како резултат на тоа, не бевме изложени на невообичаени инструменти од странство пред 2008 година, што е причината поради која тие не беа директно погодени.

Тој вели дека банките биле индиректно погодени преку намалената економска активност, којашто создаде одредени проблеми со компаниите во реалниот сектор.

– Компаниите не можеа да ги отплатат своите кредити заради кои се зголеми стапката за нефункционални кредити на околу 12%. Сепак, регионалната споредба од Словенија до Грција укажува на тоа дека веројатно нивниот износ е најнизок и уште поважно, целосно е покриен со резервации. Ликвидноста е многу висока и изнесува 30%. Затоа, по стабилизацијата, целта е кредитирањето повторно да се промовира.

Целото интервју за Американ Тајмс

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1