Духовната и материјална криза во македонското општество во последните години доведе до реско засилување на дејноста на различни секти со туѓо земно потекло. Вешто исползувајќи ја бедотијата и донекаде кризата во МПЦ, севозможни пророци упорно се обидуваат да ги протуркаат нивните учења и да купат нови души. Најсилното оружје против набедените евангелизатори на македонскиот народ се всушност нивните предци и сегашните подвизи.
Антисоцијалното учење и лично поведение на т.н. јеховисти често ги има предизвикувано властите во различни земји да ја ограничуваат по законски пат нивната подривна дејност. Одвај дали има некоја посериозна европска држава во која јеховистите немале конфликти со власите.
Ова движење е наголемо распространето во Македонија – нивните следбеници тропаат од врата на врата, нудат бесплатни книги во кои ќе читате за нивните предвидувања кои се менувале од година на година затоа што едноставно не се исполнувале. Во Скопје оваа секта се обидува да стигне до млади, разочарани а добри ученици. Им нудат своја закрила за возврат.
Еден македонски професор веќе неколку години е член на Јеховините сведоци и очи ќе ви ископа доколку кажете пред него дека е тоа секта..
Сепак истиот тој професор секоја втора сабота ќе ви тропне на врата и ќе ви нуди книги и ќе ви проповеда дека спасот ви е ако станете јеховин сведок. Е сега прашање е .. точно секој има право на свое убедување – но тој професор ако без срам и дигнитет чука на врати на непознати од кои некои го бркаат, други го пцујат.. а тој сепак упорно чука по врати – што тогаш им зборува на студентите.. како ги учи??? ги подведува ли ??
еве уште еден пример од една скопјанка чии пријатели за да си го спасат бракот утеха побарале во оваа секта.
„Прво се чудев, тие навистина си го спасија бракот и устата им беше полна пофални зборови за Јеховините сведоци.. дури и јас помислував да одам да видам што е тоа.. за по некое време да сватам дека тоа таму е тоталитаризам.. ако главниот каже ти мажу ќе правиш ова, ти жено ова – следбениците слепо слушаат.. А не ми се глупави луѓе пријателите, напротив образовани луѓе, мажот сопственик на успешна фирма.. а сепак дозволуваат некој таму да им диктира.. се молеле по неколку пати дневно па дури и детето мора да оди да се моли колку што треба на сметка ако треба и на детската игра и на учењето. Сега богами ми е јасно .. бараа спас за бракот, најдоа наредбодавец.. но нека се живи и здрави“ вели Елена од Капиштец.
Инаку оваа секта на свидетели на Јехова никнува во САД во 1870 година. Нејзин првоосновач е Чарли Тејз Расел. Уште од самиот почеток во таа секта се наложил тоталитарниот стил на раководство, кој за нив е карактеристичен и досега. Расел ја определил 1874 година како дата на Второто пришествие. Но, кога таа година изминала без да се осуштестви Второто пришествие, тој си определил и нова дата – 1914 година.
И тогаш ништо не се случило, Расел пак определил нова дата – 1918 година. Веднаш по смртта на Расел на чело на сектата застанал Џоузеф Радерфорд, кој во 1931 година го сменил името во Сведок на Јехова. Во негово време трикратно била определувана нова дата на Второто пришествие – 1925, 1932, 1941 година.
Учењето на секата се сведува на тоа што тие силно веруваат во тоа дека Господ Бог има свое лично име Јехова, од каде што доаѓа и нивното име. Тие ја одрекуваат Св. Троица и веруваат во едноличен Бог. Тие го негираат и суштествувањето на рајот и на адот учејќи н` дека душата е смртта и мртвите не суштествуваат низ времето од својата смрт до второто појавување. Тие учат дека ѓаволот е творец на материјалниот свет и тој го управува. Затоа, според нив, и не бидува да им се потчинуваме на светските власти, не бидува да имаме национална идентичност, не бидува да служиме во армијата и не бидува да даваме клетва пред суд.
Користени делови од писмо на Х. Михајлов за Дневник