Во која поза спиете најчесто? По сè изгледа ова е многу важно прашање. Многу е важно да спиете толку колку што ви е потребно, но дали знаевте дека и позата во која спиете има влијание врз вашето здравје?
Погледнете како овие 4 највообичаени пози влијаат врз здравјето на вашето тело:
На грб
Се смета дека спиењето на грб е најдобра поза за вашиот ’рбет и врат, сè додека не користите премногу перници. Но, исто така оние кои спијат на грб имаат поголема тенденција да ’рчат од оние кои спијат во други пози.
Оваа поза е добра и за превенција од брчки и други проблеми со кожата на лицето, бидејќи вашето лице е ослободено од притисок во текот на ноќта.
Доколку спиете на грб со рацете дигнати нагоре, тогаш оваа поза создава притисок на рамениците, што може да предизвика и болки.
Во оваа поза најдобро е да користите мека перница, која ќе ги поддржува вашиот врат и глава, без премногу да ги дига нагоре.
На страна
Ова е исто така добра поза за ’рбетот бидејќи вака тој е во својата природна состојба. Оваа поза е одлична за намалување на болките во грбот и во вратот, но нејзина лоша страна е тоа што поради гравитацијата може да придонесе до брчки на лицето и спуштени гради.
Спиењето на страна може да предизвика притисок на рамениците па затоа потребна ви е цврста перница, која ќе обезбеди добра потпора за вашиот врат.
Оваа поза се препорачува како најдобра за бремени жени, но треба да внимаваат да спијат на левата страна бидејќи тоа ја подобрува циркулацијата на фетусот.
Фетус позиција
Доколку спиете склопчено во позиција фетус, со колената дигнати нагоре, веројатно ви е многу удобно, но ова може да доведе до сериозни болки во вратот и грбот. Екстремното виткање во оваа позиција меѓу другото го отежнува и дишењето на дијафрагма.
Сепак, оваа поза е добра за овие кои ’рчат, а може да ја практикуваат и бремените жени. Најдобро е во оваа поза да користите цврста перница, исто како и за спиење на страна.
На стомак
Спиењето на стомак е добро за дигестивниот систем, но освен ако најдете начин како да дишите преку перница тогаш ќе морате да ја вртите главата на едната или на другата страна. Ова создава голем притисок на вашиот врат и грб, и може да предизвика болки.
Доколку сепак спиете на стомак и не можете да го промените тоа, употребувајте многу тенка перница или воопшто не користете.
Извор – Lady.mk