Од што починал 29 годишниот битолчанец? – имал само температура и главоболка и одеднаш починал


Од што почина 29 годишниот битолчанец кој на 20-ти октомври бил хоспитализиран на инфективното одделение во Клиничката болница во Битола? На ова прашање одговор чека семејството на починатиот, лекарите и истражниот судија.

bolnica_bitolaПациентот, како што објаснуваат од Клиничката болница бил примен со главоболка и температура, во добра општа состојба. Во изминатите денови направени се сите дијагностички и терапевтски процедури. Извршени се повеќе консултатини прегледи, направена е компјутеризирана томографија и магнентна резонанца, кои не покажале никакви здравствени проблеми, јавува телевизија Тера .

Во сите овие денови , пациентот бил во општа добра состоја.  Се до денеска до 10:15 кога пациентот ненадејно починал. Од болницата велат дека му се слошило, ги презеле сите итни мерки, но не можеле да направат ништо.
Лекарскиот тим од инфективното одделение побарал медицинска обдукција,  која била одобрена и од страна  на семејството, а која треба да покаже која била причината за смртта.
Настанот бил пријавен и во битолската полиција од каде велат дека нивен тим бил во посета на болницата, а истражен судија наредил обдукција.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1