Професорка по биологија во средното училиште „Оверхилс“ во Спринг Лејк, Северна Каролина (САД), била отпуштена од училиштето откако им дозволила на учениците да се боцкаат со игли како дел од некој експеримент.
На 24-ти октомври, Мијоши МекМилан одржувала час по биологија, кога како дел од експеримент ги принудила учениците да се боцкаат со игли, а потоа им било речено да ги избришат со алкохол за да бидат спремни за наредна употреба.
Училиштето испратило писма во домовите на секој од учениците, а МекМилан била отпуштена.
Таа била вработена во „Оверхилс“ од 2009-та година.
Sky