Прилепчанец се обесил пред психијатриската болница во Демир Хисар – откако не сакале да го примат


40-годишниот В.М од Прилеп вчера се обесил во Демир Хисар, во близина на психијатриската болница. Според првичните информации до кои дојде битолската телевизија Орбис, тој најпрвин се обратил во психијатриската болница за душевни болести каде што сакал да биде примен.

g_demir-hisar-bolnica1В.М од Прилеп кој и претходно бил пациент во оваа душевна болница од сеуште неразјаснети причини бил одбиен од болницата по што тој одлучил својот живот да го заврши со бесење на предавателот за телефони кој се наоѓа веднаш зад поштата во Демир Хисар а е во непосредна близина на болницата.

Веднаш после пријавата од очевидци на лице место пристигнала екипа на брзата помош од Демир Хисар, но била констатирана само смрт.

Денеска увид на лице место извршија истражен судија и јавен обвинител.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1