Објавете го ова кога ќе умрам: Тестаментот-интервју на Александар Тијаниќ


testament-intervju„Полека изумирам, стоејќи на нозе како некој вид луд диносаурус“ – изјави починатиот новинар Александар Тијаниќ во неговото тестамент – интервју за кое негова желба била истото да биде објавено после неговата смрт.

Во интервјуто, Тијаниќ посакува српското новинарствто да не го памети неговото име.

„Јас ја мразам професијата со која се занимавам, како и самиот себе си. Новинарството е слој на робови. Ни самиот не знам што барам речиси четири децении во новинарството. Кога правам пресметки, сум напишал повеќе од илјада текстови, но само десетина од нив можат да го изразат тоа што го мислам и тоа што сум јас.

31.10.tijanic1

Би сакал да оставам две до три книги свои текстови, за студентите по новинарство кога сакаат да видат каков лудак бил Тијаниќ, да прочитаат неколку текстови“.

За последните 12 години од неговата работа, Тијаниќ изјавил дека тоа не претставувало новинарство, туку борба за спас на главата.

„Се ку..чам во ситуации кои не се нормални. Списокот на моите непријатели е голем, се работи за најмоќните луѓе во Србија. За да ги преживеам тие непријатели, јас морав да бидам ѕвонар на Богородичната црква: неубав, подгрбавен, никаков. Но, да ѕвонам многу силно и далеку“ – вели во интервјуто Тијаниќ.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1