Трудница се породила во сон!


Oткако тој октомвриски ден ги вратиле од породилиштето со дијагноза „лажна тревога“, во „ниедно“ време во ноќта, бремената Сара Пирсон го разбудила својот невенчан сопруг Греј Смит со зборовите „Мили, нешто не е во ред“. До моментот кога оваа 25-годишна жена сфатила што се случува во нејзиниот стомак, главата на бебето веќе била излезена надвор. Малиот Чарли бил целосно подготвен да го поздрави овој свет.

majka3 – Таа ноќ нормално легнавме да спиеме и некаде после полноќ Сара ме повика, велејќи ми дека се чувствува многу чудно. Кога погледнав долу, имав што да видам. Под ноќницата се наѕираше главата на бебето, ја почна својата приказна гордиот татко.

За среќа, Греј не дозволил да го совлада напад на паника, па веднаш повикал дежурна бабица која му објаснила дека мора да подготви пешкири, топла вода и се друго што треба да прави. Додека чекале да стигне итната помош, малиот Чарли веќе доел од градите на мајка му.

– Во првиот момент се исплашив, но потоа ми проработеа инстинктите. Всушност, јас тука ништо не можев да направам. Сара го одработи најголемиот дел од работата, а јас само го искапев и се погрижив за папочната врвца. Горд сум на Сара како низ сето тоа помина така лесно, без никаква анестезија, раскажа Греј.

На лекарите им преостанало само да утврдат дека Чарли е совршено здраво бебе, тешко три килограми и 100 грама.

Denesen.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1