Поранешниот соработник на американската Национална безбедносна агенција (NSA) Едвард Сноуден, најде работа во Русија, изјави денеска неговиот адвокат Анатолиј Кучерина.
Според адвокатот, Сноуден сосема нормално се движи низ главниот град на Русија, но сепак неговата адреса останува тајна.
– Тој мирно шета низ главниот град, него му е интересна Русија и нејзината култура. Неговата посета на Кремљ и музеите е доказ за тоа колку ја сака Русија и сака да научи повеќе за неа – истакнал тој за Лајф Њус.
Сноуден ќе почне самостојно да заработува во Русија, бидејќи од 1 ноември ќе почне да работи во една од најголемите компании за поддршка на сајтот. Станува збор за работа во областа на информатичката технологија, а прашањето за работата е веќе решено, нагласи неговиот адвокат.
Компанијата за која ќе работи Сноуден не е државна, бидејќи тој не смее да работи за руската држава. /Извор: telegraf.rs/