Авионите дозволуваат користење на електронски направи


Сите патници во САД наскоро ќе можат да ги користат своите електронски апарати речиси за време на целиот лет, иако повици на мобилните телефони и натаму ќе бидат забранети, јавува ВОА.

Со децении, авионските патници требаше да ги исклучат сите електронски апарати, вклучувајќи ги и паметните телефони, таблет компјутерите и други направи, кога вратите на авионот се затворени во подготовка за полетување.

avion patnikНо официјални лица а безбедност во воздушниот сообраќај  на САД во четврток кажаа дека ги релаксираат правилата, заклучувајќи дека таквите апарати не ја попречуваат навигацијата и комуникационите системи на модерниот авион.

Тајмингот на имплементирањето на промените е оставен на секоја  авиокомпанија, но владината Федерална администрација за авијација кажа дека најголем дел од нив може да ги применуваат од крајот на годинава. На патниците ќе им биде дозволено да ги користат своите технолошки направи за читање, играње игри, гледање филмови и слушање музика.

Сепак, тие и натаму не ќе можат да пребаруваат на Интернет, да разменуваат електронски пораки и да превземаат информации кога авионите летаат под 3.000 метри.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1