Уште 5 деца од градинката во Автокоманда се пожалиле на труење


Досега 9 деца кои престојувале во градинката  “Детска Радост” и нејзините клонови во Автокоманда со симптоми на труење побарале лекарска помош.

Денеска на Инфективната клиника биле прегледани две дечиња од истата градинка. Се жалеле на повраќање и дијареа.

infektivna1Едното на 5 годишна возраст е хоспитализирано,а другото кое имало една година пуштено е на домашно лекување. Од Инфективна за Сител изјавија дека кај нив последните 10 дена биле лекувани 7 деца од истата градинка.

Кај 3 е потврдена бактеријата салмонела. Оваа ситуација предизвика паника кај родителите. Од вкупно 500 деца кои се згрижуваат во Детска Радост денеска во градинка дошле само 200.

-Ние вчера ги замоливме родителите доколу можат да се снајдат да не ги носат децата во градинка, вели Светлана Јанкова, директор на Градинката Детска Радост во Гази Баба.

Здравствениот санитарен и здравствен инспекторат вчера ја затвори централната кујна која ги снабдува со храна сите 5 објекти на градинката.

-Во текот на надзорот во кој се присутни инспекторите за храна од Агенцијата за храна и ветеринарство и епидемиолог од Центарот за јавно здравје, земени се седум мостри од работни површини во централната кујна, седум примероци од храна, вклучувајќи го и контролниот оброк кој се остава задолжително согласно правилниците од  Агенцијата за храна и ветеринарство од 29 овој месец и три испироци од раце на негователките односно воспитувачките од групите од каде што потекнуваат заболените деца, рече д-р Вера Менковска, раководител во ДСЗИ.

Сител

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1