Денеска околу пладне ќе се случи последното помрачување во 2013 година, познато како „хибридно“, пренесува Јуниверс тудеј.Ова ќе биде вкупно петто помрачување, а второ помрачување на Сонцето годинава.
Тоа ќе биде и единственото помрачување во 2013 што барем за неколку моменти ќе биде целосно.Оваа небесна појава е релативно ретка, позната како хибридна, односно ануларно-тотална еклипса. Хибридното помрачување настанува кога Месечината е на таква оддалеченост што од некои краеви, поради закривеноста на Земјата, се гледа прстенесто, а од други – целосно помрачување.
Следното затемнување ќе биде дури на 20-ти мај, 2015 година. Во 2014 ќе има прстенесто затемнувањето на 29 април и делумно – на 23 октомври 2014