Метеорит експлодирал над Сараево


Повеќекратна експлозија се слушнала над Сараево, ноќта меѓу петокот и саботата околу 00.36 часот, кога низ атмосферата прелетал метеорит кој се распаднал во воздухот

meteorit saraevoАстрономското друштво Орион и федералниот метеоролошки завод од Сараево, го регистрирале падот на метеорот со магнитуда над -9 што се сличен на одсјајот на Месечината во фаза на прва четвртина, објавија медиумите во БиХ, а информацијата ја пренесоа и други медиуми од Хрватска и Србија.

Огнената топка влетала  со брзина од околу 20 километри во секунда и се изгаснала на висина од околу 30 километри. Тоа значи дека е можно делови од метеорот да паднале на површината на Земјата.

Според проценките местото на падот е во триаголникот меѓу Зеница-Бугојно-Травник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1