Тргнал кон болница, а загинал во сообраќајна несреќа. Ваква несреќна судбина имал 81-годишниот кавадарчанец Стојан Р., кој завчера попладнето загинал во сообраќајна несреќа на улицата Шишка во населбата Глишиќ, на излезот од Kавадарци кон Неготино.
Во него удрил камион цистерна со нафтени деривати управуван од 55-годишниот K.Р., кој не застанал, туку го продолжил патот кон Неготино, пишува Дневник.
Подоцна бил фатен по патот. Станува збор за возило со гевгелиски регистарски таблички. Бил приведен во полициска станица во Неготино и бил обавен разговор со него. Очевидците на настанот рекоа дека човекот буквално бил прегазен од цистерната. Во близина има две средни училишта, зграда со дисперзирани студии и интернат.