Тргнал кон болница – загинал во сообраќајна несреќа – возачот на цистерната не застанал


Тргнал кон болница, а загинал во сообраќајна несреќа. Ваква несреќна судбина имал 81-годишниот кавадарчанец Стојан Р., кој завчера попладнето загинал во сообраќајна несреќа на улицата Шишка во населбата Глишиќ, на излезот од Kавадарци кон Неготино.

policijaMKDВо него удрил камион цистерна со нафтени деривати управуван од 55-годишниот K.Р., кој не застанал, туку го продолжил патот кон Неготино, пишува Дневник.

Подоцна бил фатен по патот. Станува збор за возило со гевгелиски регистарски таблички. Бил приведен во полициска станица во Неготино и бил обавен разговор со него. Очевидците на настанот рекоа дека човекот буквално бил прегазен од цистерната. Во близина има две средни училишта, зграда со дисперзирани студии и интернат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1