21 годишниот Бошко Шапиќ момче вчера со нож ги убил Алвин Хорватиќ (23) и Дејан Вучковиќ (20) во ноќен клуб во местото Војишница, во близина на Карловац, Хрватска. Како што јавуваат локалните медиуми, момчето ги нападнало жртвите пред ноќниот клуб и со нож ги убило на лице место. Хрватските медиуми повикувајќи се на изјави меѓу локалното население пишуваат дека фамозната девојка, била девојка на сите три момчиња, прво на Дејан, потоа на Алвин, а моментално е во врска со убиецот Бошко.
-Бошко го извади ножот и тргна кон Алвин. Мојот брат сакаше да го спречи. Бошко замавна кон Алвин, но го пресече вратот на Дејан. Тој тргна кон скалите од кафичот и викаше: повикајте помош, повикајте брза помош, држејќи се за раната од која што прскаше крв. Од кафичот истрчаа многу лица. Дејан не издржа, падна пред вратата. За тоа време Бошко пет пати со нож го избоде Алвин. И тој исто така падна, но покажуваше знаци на живот. Бошко му пријде и му го зари ножот во срце. Почина на лице место, а мојот брат искрвари до доаѓањето на брзата помош. Од кафичот излезе обезбедувањето кое го совлада убиецот, му ги скрши рацете и изби забите. Го задржа до доаѓањето на полицијата, раскажува братот на убиениот Дејан за Јутарњи.