4 пати бев продадена, Македонци ме спасија – исповед на Бугарка жртва на проституција


Ни објаснија дека ќе нè убијат ако не се проституираме. Нè продадоа близу до Охридското Езеро, се сеќава Бугарката Светла која свјата трагична живтна приказна ја раскажа заза бугарската телевизиска станица ТВ7, а ја пренесе и  бугарскиот весник „24 часа“.

svetlaaaa„Тогаш, во 1999 година таа беше младо девојче, кое влезе во каналите на трговијата со луѓе со желба да си купи поубава облека. Пријатели ми понудија пари, ме однесоа во Благоевград каде што првпат бев продадена. Ми беше понудена голема сума на пари. Ми рекоа дека можам да си повикам и пријателка за да не бидам сама. Тргнавме со една моја познаничка, која не ја познавав многу добро. И реков дека одиме на екскурзија. Имав голема доверба во мојот поранешен пријател. Отидовме во еден стан во Благоевград каде што имавме цигари, пиење, јадење, купони… Ги прашав пријателите да не се работи за проституција, ми рекоа дека тоа нема никаква врска со нив. Тогаш дознав дека почнаа да се споменуваат некои Македонци кои требаше да ме купат. Во еден момент останавме сами во станот заедно со неколкумина непознати луѓе. Влеговме во некоја кола и тргнавме кон Македонија. Полиција немаше. Ја преминавме границата, а едната од нас во грбот имаше вперен пиштол. Ја поминавме границата и ни рекоа отворено што треба да правиме. Ни рекоа дека тука ќе мора да се разделиме со пријателката и дека ќе не убијат ако не се проституираме. Не продадоа некаде во близина на Охридското Езеро.

Бевме заедно со уште една Украинка и Романка. Четворица не чуваа. Во куќата имаше околу 20 девојки.Ни носеа јадење, се грижеа за нас, а вечерта не облекуваа во некои фустанчиња и не не носеа во еден бар. Таму требаше да играме, а мажите си избираа која девојка ја сакаат и одеа во еден хотел во близината на барот. Никогаш не сум избројала со колкумина сум имала секс. Јас не сакав да работам како проститутка. Ако се вратев без пари, ме тепаа и ме враќаа кај мажите“, ја раскажува својата тажна приказна Светла од Бугарија по речиси двонеделната работа во Македонија.

Потоа таа била продадена на Албанци.

„И тука ја минавме границата без никаков проблем. Не знам како успеаја да ме прошверцуваат пред полицајците. Бевме некаде на море. Преку ден шетавме по плажата, а потоа свирки, секс… И тука околу две недели, па со брод отидовме за Италија. Во Италија бевме во едно село. Таму живеевме со три девојки. Тука работев на автопат. Ме научија малку и италијански јазик, но не успевав да ги извадам парите што тие си ги планирале. Албанците многу ме тепаа. Еднаш ме уапсија полицајците. Од страв да не ме тепаат моите „газди“ реков дека сум Украиинка. Ми земаа отпечатоци и ме пуштија. Претпоставувам дека некој од макроата завршил работа да ме пуштат“, вели Светла.

Макроата  ја однеле во Париз и во Ротердам.

„Во Ротердам беше ужас. Играв полугола, мажи ме носеа во собата, некои сакаа без презерватив, не можев на тоа да се спротивставам, не ги интересираше дали сум прегледана или не… На макроата не им беше гајле. Ме гледаа само како машина која носи пари. Во Холандија ми даваа кокаин за да имам повеќе сила за да го издржам сетоа тоа. Ни одредуваа сума, ако не – ќотек“.

Светла во Ротердам „работела“ повеќе од еден месец.

Стануваше се понеподносливо.„Некако успеав да се јавам на моите роднини. Ги замолив да ми помогнат и им реков дека сум во Холандија. Од нив разбрав дека и Интерпол ме бара. На сите им беше многу страв затоа што моите макроа беа Албанци. Еден ден успеав да избегам без нити стотинка во мене. Прво што ми текна беше да побарам полицаец. Најдов еден. Ми рече дека му е гајле што има потерница по мене. За среќа сретнав двајца мажи Македонци. Ми помогнаа. Ми кажаа каде да одам. Отидов ви бугарската амбасада“, се сеќава на ужасот Светла.

Откако се вратила во Бугарија дознала дека нејзината познаничка ја нашле полумртва на некое ѓубриште во Македонија.„Брзите пари завршуваат брзо. Сега сум среќна. Мајка сум на две деца. Но ќе бев посреќна ако ја слушав мајка ми“, вели Светла која веќе има 30 години и се уште има лоши соништа поврзани со овој нејзин трагичен период од животот.

Денешен.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1