Експертите веруваат дека меѓу 1.500-те слики има и дела на Пикасо, Реноар, Оскар Кокошка, Анри Матис и многу други.

_Upload_Vesti_Nacisti_i_slike_20131141029За сликите ништо не се знаело додека во возот кој одел од Швајцарија кон Германија не бил претресен невработениот син на трговецот со уметнички дела Хилдебрант Гурлит, кој со себе носел голема сума на пари во готово. тогаш полицијата побарала да го претресе неговиот стан кој го изнајмувал за 700 евра месечно, но резултатите од претресот се уште не се познати.

Сликите биле пронајдени во голем неред, весникот наведува дека половина век лежеле меѓу стари тегли и ѓубре во мрачна соба.

Експертите тврдат дека нацистите ги добивале сликите од Евреите во замена за нивната слобода и бегство од Германија.

Еден таков пример е делото на францускиот сликар Мартис кое му припаѓало на еврејскиот колекционер Пол Розенберг, кој од нацистите побегнал до Париз во 1940 година.