Гази Баба, Аеродром, Центар и Карпош имаат најзагаден воздух


Загадувањето на воздухот во Скопје неколку дена ги надминува границите на дозволеното,  покажуваат официјалните мерења на Министерството за животна средина и просторно планирање.
zagaduvanje-2-300x225Во Гази Баба, Аеродром, Центар, Карпош, измерена е вредност од над 180 микрометри на метар кубен што е неколку пати над дозволеното ниво од 50 микрометри.  ПМ10 се мали вдишливи честички кои се едни од најштетните загадувачки супстанции во воздухот.
Суспендираните честички со дијаметар помал од 10 микрометри (ПМ10) може да продрат длабоко во респираторниот систем на луѓето.
Штетните честички се емитуваат во атмосферата од голем број извори, како издувниот систем на возилата, греењето во домаќинствата, индустриските процеси, електраните, согорувањето на земјоделскиот отпад, согорувањето на отпад од дворовите и шумските пожари.
Надлежните информираат дека се преземаат мерки доколку пет дена по ред добијат информации за зголемен индекс на загаденост во воздухот.
Нет Прес
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1