Кон почетокот на идната година во општината Aеродром ќе биде изграден 33 – метарски крст. Денеска од Светскиот македонски конгрес до општината поднеле иницијатива со идеен проект , со надеж дека на следната седница на советот ќе биде усвоен.
Висината на крстот е 33 метри , според бројот на годините на Исус Христос. Од светскиот македонски конгрес се надеваат дека дозволата за негова градба ќе ја добијат до крајот на годинава , а во рок од 60 дена би бил изграден . По изградбата , крстот ќе биде даден во надлежност на општината Аеродром , информираат од СМК.