Жив изгорел за Ноќта на вештерките – сите мислеле дека е дел од шоуто (Видео)


article-2487324-1930660D00000578-66_634x350

Маскиран човек изгорел, откако му се запалила сопствената маска на карневалот на Ноќта на вештерките во Западен Холивуд.

Имено Гилберт Естрада (51) присуствувал на настанот со неговата девојка и неговиот брат, кога наеднаш пред толпата луѓе неговата маска се обвила во пламен.

Поради силната бучава и гласна музика луѓето околу него мислеле дека тоа е трик па така освен што снимиле видеа како гори во пламенот, дури и му наздравувале воодушевувајќи се на „настапот“.

396979_gilbert-01_fПо извесно време неколку лица истрчале да му помогнат, но било премногу доцна, бидејќи Естрада веќе бил премногу зафатен од пламенот.

Бил одведен во болница, но починал по неколку часа.

Причините поради кои пламнала неговата маска се’ уште не се познати.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1