Појавувањето мозолки, афти, црвенила и иритации се само некои од непријатностите со кои може да се соочите заради невнимание. Токму заради тоа, погледнете го списокот на производи за разубавување што во никој случај не треба да ги делите со други, но издвоивме и такви што не претставуваат опасност за вашата убавина.
Никако не смеете да испробувате и позајмувате:
–Коректор со апликатор
-Црвило за усни
Сјај за усни
-Моливче за усни
-Моливче или туш за очи
-Рол-он дезодоранс
-Крем за лице
-Руменило
Работи што не претставуваат опасност се:
-Сенка за очи (доколку внимавате да не допрете внатре во окото)
-Парфем
-Производи за чистење лице
-Крем за сончање
-Пудра
-Лакови за нокти
-Моливче за веѓи
Најдобрата заштита секако е целата козметика и шминка да ја користите само вие. Дури и оние производи што се набројани како такви што не претставуваат опасност, можат да предизвикаат непријатност заради несоодветно користење.
Телеграф