Амбасадите на САД во Европа шпионски гнезда ?


Голем број на дипломатски претставништва на Соединетите Американски Држави во Европа служат како „шпионски гнезда“ на CIA и NSA за прислушување и прибирање на разни телекомуникациски податоци, објави во средата британскиот дневник Independent.

Според весникот, посебна заедничка единица на CIA и NSA прибирала телекомуникациски податоци од шпионските бази кои често биле инсталирани на покривите од американските амбасади.

3737f5c2-65dc-485e-95a1-96f6bd7d3884Вакви  операциски шпионски гнезда  во европа и централна Азија се наоѓаат и на амбасадите на САД во  Атина, Баку, Будимпешта, Франкфурт, Женева, Киев, Мадрид, Милано, Москва, Париз, Прага, Приштина, Рим, Сараево, Тбилисију, Тирана и Виена.

Собраните податоци се испраќаат во релејната станица во базата на Кралското воено воздухопловство (RAF) во Нортемтоншир, по што се префрлаат во заедничкиот центар на CIA и NSA во Мериленд за анализа и за користење од страна на американските разузнавачки агенции. Според долгогодишниот пакт на Лондон и Вашингтон за делење на разузнавачките информации, материјалите можеле да се праќаат и во британската разузнавачка агенција GCHQ (The Government Communications Headquarters).

Во истиот текст Independent пишува дека документите кои ги објави американскиот „свиркач“ Едвард Сноуден за масовното прислушување кое го спроведува NSA укажуваат дека и Велика Британија на покривот од својата амбасада во Берлин, во непосредна близина на германскиот парламент и кабинетот на канцеларката Ангела Меркел, има поставено „пресретнувачко гнездо“, тајно место за прислушување на телекомуникациите, поради што германскиот шеф на дипломатијата побара објаснување од британскиот амбасадор.

makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1