И официјално – Никола Рилкоски кандидат од СДСМ за претседател на ДИК


RILKOSKIСДСМ донесе одлука кандидат за претседател на ДИК да биде Никола Рилкоски.

– Станува збор за принципиелен човек, што го има докажано и при извршувањето на повеќе високи позиции и во неколку јавни претпријатија. Уверени сме дека господинот Никола Рилкоски ќе ги исполни законските обврски што ги бара функцијата за којашто се кандидира, како и очекувањата за професионална, посветена и ефикасна работа на новиот претседател во Државната изборна комисија – велат од СДСМ.

Идниот претседател на ДИК е роден во 1951 година, тој бил претседател на партискиот огранок во Охрид, а од 2006 до 2008 година бил и пратеник од редовите на СДСМ.

Новиот претседател на ДИК го очекуваат редовни претседателски ибори, а можно е и вонредни парламентарни избори и прочистување на избирачкиот список.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1