Четириесет и четири проценти од корисниците на Фејсбук од Македонија поминуваат три и повеќе часа дневно на таа социјална мрежа, покажуваат резултатите од првото сеопфатно истражување за ставовите и однесувањето на македонските корисници на Фејсбук, што го спроведе агенцијата „Рејтинг“ во соработка со Њумедиа.мк.
Според истражувањето, 60 проценти од корисниците сметаат дека поминуваат премногу време на Фејсбук, а само 22,5 проценти размислуваат да се откажат од користење на оваа социјална мрежа.