Жртва на невремето во Хрватска – отишол да помогне, паднало дрво врз него


Неверемето кое ја зафати Хрватска ја зеде првата жртва. Кај Вараждин стебло од дрво усмрти маж, а 20 лица се повредени во Риека, од кои двајца работници се во животна опасност.

nevreme hrvatskaКако што пишува Jutarnji list, загинал 46-годишeн маж врз кого се урнало дрво по силниот налет на ветрот. Загинатиот бил вработен на фарма. Тој отишол да им помогне на пожарникарите во расчистување на паднатите дрва кога силниот ветар го урнал соседното стебло кое паднало дирекно врз несреќниот маж – пожарникарите веднаш го отстраниле дрвото и се обиделе да му помогнат, но човекот загинал на самото место.

Во невремето во Риека повредени се 20 лица, а потешко се повредени и тројца ученици во Опатија. Урнатите стебла и силниот ветер довеле до блокада и колапс на сообраќајот во Риека и Загреб, а затворени се и некои делници на автопатите, а укинати се и неколку линии на тракетите. Во Загреб е урнат и дел од главната зграда на стариот Паромлин, а одлетал и дел од покрив од ламарина на зграда во којашто се наоѓале основно училиште и гимназија.

Во Риека ветерот турна стебла и носел покриви, а оштетен е и покривот на спортската сала на основното училиште Козала, додека ветрот однел и голем дел од покривот на една градинка.

Сите екипи на итната помош се на терен, а во Риека се откажани сите погреби

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1