ФОТО: Подводната тајна што ја криело езерото Матка – еве што најдоа нуркачите


  Одвај забележлив натпис „Света Недела“ (односно Света Недеља) на остатоци од ѕидови забележале нуркачите од спелеонуркачкиот клуб „Врело“ и од клубот „Акватек“ кои вчера се нурнаа на 15 метри длабочина во водите на езерото Матка кај Скопје, пишува Телеграф.мк.

matka-03Матната и студена вода на езерото не им била сојузник при вчерашното нуркање.

Единствено што забележале на таа длабочина се остатоци од градба за која се претпоставува дека некогаш била православна црква.

На еден дел од ѕидовите можело да се забележи и натписот, кој е веројатно името на овој некогашен верски објект.

  – Не можеме со сигурност да тврдиме за каков археолошки објект се работи. Но, според напишаното на ѕидовите, би требало да е црква.

Сепак, тоа ќе го потврдат стручни лица од Управата за заштита на културното наследство – вели Киро Ангелески, претседател на клубот „Врело“.

matka-02

– Пред да се изгради браната на езерото Матка, на овој простор постоел таканаречениот Пат на силата, кој бил најкраткиот пат до денешен Македонски брод, со надоаѓањето на водата и издигнувањето на езерото и браната Матка сето она што постоело на овој предел било покриено со вода.

Тие планираат повторно да се спуштат до објектот за подетално да го испитаат.

Според нивните планови, ќе треба да се соберат повеќе примероци кои понатаму би се предале на релевантни институции за понатамошно испитување.

Со тоа ќе се утврди дали навистина станува збор за темели на црква и од кој период датираат тие.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1