Дали од музејската колекција исчезнале само 60 артефакти од непроценлива вредност, или бројката е поголема, надлежните треба да утврдат до утре и извештајот со информации да го предадат во МВР.
Иако Музејот има рок од полицијата, неизвесно е дека за толку кратко време ќе се утврди кој е виновен за кражбата и колкава е штетата. Од Министерството за култура предвидуваат дека рокот ќе се пролонгира поради обемната работа.
Најмалку една недела Музејот ќе биде под опсада од полициски надзор. Од министерството за култура очекуваат анализите да потраат неколку дена, бидејќи детално ќе се проверуваат сите книги за евиденција и кутиите од кои исчезнале вредните експонати.
Во телефонски разговор за Сител, директорот на Управата за заштита на културно наследство , Виктор Лилчиќ сметаа последната сериозна кражба треба да го вклучи алармот и да се засили безбедноста во Музеите.
-Исчезнувањето на вредни експонати од институциите е момент кој укажува дека треба да се преиспита заштитата на музејските депоа. И во пракса треба да се применува законот за музејска вредност, изјави Виктор Лилчиќ.
Според првичните сознанија, 60 вредни предмети, златен накит од 4ти век се пријавени за исчезнати. Полицијата ќе утврди дали некој провалил или експонатите си ги присвоил некој од вработените.
Сител