Жена била пронајдена мртва во понеделникот околу пладне во нејзиниот стан на улица „Методија Митев“ во Скопје, соопшти МВР.
Шеесет и едногодишната жена живеела сама и најверојатно починала од природна смрт, на нејзиното телото првично немало траги на насилство.
Телото кое било во поодмината фаза на распаѓање го пронашла сестрата на жената која што отишла да ја посети и случајот го пријавила во полиција.