Полициски службеник е прегазен попладнево околу 16:30 часот на локалниот пат кон Драчево, дознава Курир.
Според првичните информации, полициска патрола сакала да запре „Лада нива“, но возачот на автомобилот наместо да ја послуша полициската наредба и запре возилото го прегазил полицаецот и избегал.
Повредениот полицаец итно е пренесен во болница и засега нема подетални информации за неговата здравствена состојба.
Во тек е потрага по автомобилот, за кој неофицијално постојат сомневања дека бил управуван од дрвокрадци.
Kurir