Кој ќе стигне ќе казнува за пушење – и полиција, и трудова, и ујп, и пазарна – изгласан новиот закон


Собранието ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита од пушењето, по скратена постапка.

pusenjeСо предложените измени се предвидува проширување на опфатот на инспекциските служби кои ќе може да казнуваат за пушење на недозволени места. Се предвидува  инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите  од  овој  закон да вршат Државниот пазарен инспекторат,  Државниот  санитарен  и  здравствен  инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи, додека државниот просветен инспекторат да врши инспекциски надзор во објектите во кои се врши основно, средно и високо образование, научни институции, ученички  и  студентски  домови, јавни и приватни воспитно – образовни  и згрижувачки установи и игротеки.

Власта е немоќна да се справи со растечкиот број на пушачи и затоа ги заплашува со нови казни, кои од друга страна ќе го полнат буџетот, смета опозицијата. Според предлагачот, единствевната цел на измените е дополнително да се заштити здравјето на граѓаните.

Министерот за здравство Никола Тодоров рече дека ако има поголем број инспекции поголема е веројатноста дека граѓаните нема да бидат фатени.

– Автоматски помал ќе биде бројот на казните. Мислам дека нивниот број нема да се зголеми туку дека ќе остане ист. Казна се изрекува на оној што не го почитува законот. Со овој закон не се зголемуваат казните, изјави Тодоров.

Казните кои покрај полицајците, испекторите на УЈП, можат да ги изречат и инспекторите на трудовиот, здравствениот и трудовиот инспекторат се движат од 150 до 300 евра.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1