Полицаец прегазен кај Драчево


Полициски службеник е прегазен попладнево околу 16:30 часот на локалниот пат кон Драчево, дознава Курир.

policija-lenta-540x312Според првичните информации, полициска патрола сакала да запре „Лада нива“, но возачот на автомобилот наместо да ја послуша полициската наредба и запре возилото го прегазил полицаецот и избегал.

Повредениот полицаец итно е пренесен во болница и засега нема подетални информации за неговата здравствена состојба.

Во тек е потрага по автомобилот, за кој неофицијално постојат сомневања дека бил управуван од дрвокрадци.

Kurir

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1