Мистерија е смртта на 37 – годишниот Џејсон Ајри од Британија на кого срцето престанало да му чука откако во домот на неговите родители ја отворил кутијата на која со црвени букви пишувало „Пандорина кутија”
Неговото безживотно тело, во месец мај, го пронашле родителите во нивната спална соба, а покрај него стоела кобната кутија во која имало неотворено пакетче со марихуана.
Меѓутоа, по обдукцијата утврдено е дека во телото на Џејсон немало никакви опијати и дека неговото срце престанало да чука предизвикувајќи откажување на сите органи. Сепак, причината која довела до запирање на срцето не било возможно да се утврди. Пандорината кутија е артефакт од грчката митологија, а според преданието, во неа се наоѓале сите зла на светот.Денис Ајри, татко на починатиот Џејсон, раскажал како неговиот син, кобниот ден бил во добро расположение.
„Беше сосема нормален. Мислам дека уживаше во враќањето во неговиот роден дом. Се врати од пазарување и се качи на катот за да се преоблече”.
Сепак, неговата мајка Ана се загрижила откако синот подолго време не се симнувал. Се качила во нивната спална соба и го нашла синот без свест, а потоа го повикала и сопругот на помош.
„Се обидов да го кренам. Кошулата му беше леплива, а лицето модро и можев да почувствувам слаб пулс на неговиот врат”, вели Денис.
Лекарите од итната помош се обидела да го реанимираат Џејсон, но тој не ја вратил свеста и починал два дена подоцна во болница.