Македонско “токсично” грозје повлечено од маркетите во Франција


Грозје увезено од Македонија поради висок процент на пестициди е повлечено од продажба во Франција. Француските служби при контрола утврдиле дека македонското грозје има недозволено високи  количества  пестициди, по што наредила повлекување на грозјето од маркетите, објави Нова ТВ.

grozjeОваа информација е објавена во системот за брзо предупредување при појава на небезбедна храна при ЕУ.

Во македонското грозје биле најдени количества над дозволеното од хемиските супстанци диметоат и ометоат, кои се користат како пестициди.

Грозјето во Франција било на пазарот од септември годинава, а контролата била извршена на 6 ноември, односно минатата недела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1