Постојано си без пари, а кога ќе ги добиеш никако да ги задржиш.. Само проблеми со парите! Но, имаме неколку совети за вас. Народот ги измисли, ние ви ги пренесуваме:
-За да ги задржиш заработените пари во твојата куќа, потребно е оној ден кога ќе ја добиеш платата да не потрошиш ниту еден денар.
-Целата плата мора да преноќи дома!
-Животните мудрости советуваат дека крупните банкноти треба да се сочуваат година дена, со што ќе се наполнат со вашата енергија и ќе привлекуваат уште повеќе пари.
-Нема да имаш пари ако свиркаш во собата и ги чистиш трошките со раце.
-За да имаш пари метлата треба да ја поставиш со рачката надолу.
-Зголемување на платата треба да бараш во среда.
-Џебовите на облеката што е вон сезона и сте ја оставиле во гардеробот, треба да ги наполните со ситни парички.
-Паричникот никогаш не се држи празен, во него треба да има барем ситни парички.
-Парите заработени со коцкање или игри на среќа, заработени нечесно или пронајдени – не носат среќа. Затоа не треба да се држат во паричникот, туку треба брзо да се потрошат или споделат пријателите и сиромашните.
Фактор.мк