При последните анализи извршени на чешмите од каде што истекува минерална вода од кумановско Проевце пронајдено е присуство на бактериите псеудомона аеругеноза и на ешерихија коли.
Од Центарот за јавно здравје ги информираат граѓаните да не кознумираат вода од првиот и петтиот чеп на чешмата во Проевце и потенцираат дека ќе ги преземат мерките кои се во нивна надлежност и ќе ја информираат Агенцијата за храна.
Инаку, бактеријата е потенцијално опасна за лицата со ослабен имунитет и за децата, a ешерихија коли може да предизвика повеќе заболувања.