Штетни бактерии во увезеното Алпско млеко? – Агенцијата за храна испитува, увозникот тврди нема


Во Македонија нема увезено од Алпското млеко во кое  се најдени бактерии, тврдат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

alpsko mlekoСпорното млеко „Алпско” со 3,5% масленост, кое е произведено во Тузланската млекарница има со рок на употреба до 17, 19 и 21 февруари 2014 година. Овие лотовите во медиумите беа наведени како небезбедни, поради присуство на т.н. аеробни мезофилни бактерии.

Како што потврдија босанските служби, за регионалните медиуми, при вонредна контрола во Тузланска млекарница,  во три пратки Алпско млеко со 3,5% масленост, откриле зголемено присуство на недозволени микроорганизми. Притоа како проблематични се посочија 160.000 литри млеко кое било за извоз.

Околу 1700 литри млеко од спорните биле пуштено во употреба, посочуваат надлежните во Босна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1