АЕК ќе ги прегледува приговорите за наградните игри на операторите


„Секој пристигнат приговор ќе биде внимателно проучен од инспектор за електронски комуникации и ќе биде постапено со инспекциски надзор и ќе биде донесено соодветно решение.

smetka vip11Секаде каде што инспекторот ќе утврди неправилност, приговорот на корисникот ќе биде усвоен и операторот ќе биде задолжен да изврши поврат на средствата. Тоа ќе бидат случаи кога корисникот во претплатничкиот договор не дал согласност за директен маркетинг или не дал согласност за учество во наградната игра“, соопштува АЕК.

Сепак, АЕК бара од претплатниците да проверат во своите договори дали дале согласност за директен маркетинг и во случај да има, да ја отповика.

„Пред да даде согласност за учество во наградна игра, претплатникот да ги простудира официјалните правила на наградната игра кои, согласно законските прописи мора да бидат јавно објавени. Воедно, ги охрабруваме корисниците на електронски комуникации, доколку им се потребни дополнителни информации или совет, да се обратат на бесплатниот број 190 или по електронски пат на www.komuniciraj.mk“, соопшти АЕК по зголемениот број приговори од крајните корисници на електронски комуникации, а кои се однесуваат на наградни игри организирани од даватели на услуги преку операторите на мобилна телефонија во Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1