Николас Меволи од Њујорк, починал на Бахами во текот на големото меѓународно натпреварување за нуркање без дополнителна опрема, откако успеал да постигне длабочина од 72 метра

Тој се обидел да постави нов светски рекорд, но починал по изнурнувањето на површината на водата.
Прво дал знак дека се чувствува добро, но подоцна по 30 секунди се онесвестил. Кога излегол на површината се обидел да зборува, но, според сведочењето на очевидците, говорот му бил неразбирлив, после што паднал во несвест. И покрај обидот за реанимација и медицинската помош која му била укажана веднаш, не успеал да се разбуди.Меволи се обидел да постави рекорд во слободно нуркање и по постигнувањето на длабочината од 72 метра, се појавил на површината по три минути и 38 секунди.
Ова е прв случај натпреварувач да загине на официјално натпреварување за 21 година, откако е востановено овој спорт.
Ова е официјално видео на натпреварот на кое Ник се преставува.










