Објавено ВИДЕО: Снимено било како се урива авионот во Русија – загинаа 50 лица


Оригинална снимка на руската телевизија на која што може да се види паѓањето и ударот на Боингот 737 кај Казан. Објавена од аеродромските служби, снимена од безбедносните камери на аеродромот,.

„До несреќата најверојатно дошло поради грешка во пилотирањето и технички фактори, вклучувајќи и техничка грешка“, рекол шефот на Комитетот за истрага во регионот на Волга, Александер Полтинин, пренесува АФП.

nesrekja-avionska-rusijaАвионот се урна вчера при слетувањето на аеродромот во рускиот град Казан, при што загинаа 44 патници и шест членови на екипажот.

Првично беше јавено дека меѓу загинатите нема деца, но подоцна беше соопштено и дека две девојчиња на возраст од 11 до1 5 години ги изгубиле животите. Меѓу загинатите е и синот на претседателот на регионот Татарстан, Ирек Мињиканов и шефот на руската безбедносна служба во Татарстан, Александар Антонов, како и една Британка и еден Украинец, останатите патници најверојатно се Руси.

Авионот кој полетал од московскиот аеродром Домодедово, експлодирал при вториот обид за слетување. Спасувачките екипи ги пронашле телата на сите загинати.

Рускиот претседател Путин изразил сочувство до семејствата и пријателите на загинатите и на владата и наложил да формира комисија за итна истрага за несреќата.

Деца и странци меѓу загинатите во авионската несреќа во Русија (список)
Потврдено: Синот на претседателот и разузнавач меѓу загинатите во авионската несреќа во Русија
Зошто да живеам? – Во авионската несреќа руски коментатор ги изгуби сопругата и ќерката

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1