Конечно: ЈСП набавува камери за снимање во автобусите – кој тепа ќе биде снимен


За да се сведат на минимум инцидентите во автобусите на ЈСП фирмата почнала постапки за набавка на снимачи кои ќе го забележат секој инцидент, објави директорот  Мишо Николов. Камери има веќе некое време – но џабе бидејќи немаше обезбедено дополнително снимачи кои ќе документираат и чуваат снимки од автобусите.

penzioneri-vo-jsp-banskolie50 снимачи ќе бидат набавени најскоро и инсталирани во автобусите кои сообраќаат на ризичните линии како што е 65 каде се случи инцидент и беа претепани неколкумина ученици. Ќе се вработуваат и контролори за безбедност.

Ова се дел од превентивните мерките кои ги договориле локалните власти по инцидентот во 65 во кој беа повредени 6 деца.

Поголемо присуство на полицијата па дури и мобилна полиција во тој е реон една од првите работи кои ќе се реализираат вели градоначалникот Тони Трајковски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1